Српско-косовската какофонија сè уште трае

Српско-косовските преговори влегуваат во уште едно… полуфинале. Ситуацијата е заплеткана, токму како што прилега на една од последните, за догледен период, балкански нерешени слагалки. Сите глобални балкански актери (минус Кина) се на сцената со своите контроверзни влијанија и не се знае баш точно кој за што се залага: Франција и Германија, наводно, имаат план за некакво „босанско“, компликувано решавање на кризата; Американците, наводно, би го поделиле Косово според етно-територијални принципи, можеби со компензација и на „парчиња“ од територијата на југот од Србија; Русија, наводно, е на страната на Србите, иако нијансите на таа „страна“ имаат разлики кога се опишуваат на руски и на англиски јазик…

Всушност, тоа е можеби и сржта на проблемот: политичките елити и на Косово и во Србија се меѓусебно поделени, со тоа што во Приштина грубата политичка борба помеѓу завадените фракции е, повеќе или помалку, во пата-пата ситуација, а во Србија впечаток е дека сè е во рацете на претседателот Вучиќ. Нему неодамнешната супериорна победа на парламентарните избори може и да му преседне, токму заради проблемот со Косово (и Метохија) – откако сите од надвор му честитаа на убедливата победа, сега му велат дека тој, и никој друг, е човекот што треба да постигне договор со косовската страна.

Прочитајте и...  Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Можеби и актуелните насилни протести во Србија треба да се гледаат во тој контекст. Многу српски аналитичари предупредуваат дека, она што минатата недела започна како спонтано дивеење на крајно-десничарските структури на српската политичка сцена, наскоро како да доби извесна „структурна“ асистенција од тамошните безбедносни структури, токму среде патувањето на Вучиќ на средба со Макрон. Којзнае дали е тоа точно, но секако изгледа плаузибилно, бидејќи доминантната домашна позиција на српскиот претседател и неговата владејачка коалиција ужасно му го намалува меѓународниот „маневарски“ простор за постигнување некаков компромис во преговорите со косоварите.

Работите дополнително се компликувани заради фактот што и на косовската и на српската страна не само што не се знаат, туку тешко може и да се насетат „црвените линии“ до кои се подготвени да отстапат за да постигнат договор. И Приштина и Белград инсистираат на своите максималистички позиции, а тие не се основа за договор. „Купувањето време“ е одамна потрошено и, ако во наредните месеци треба да се очекува поместување кон решение, тоа не може да се насети во пропагандистичките какофонии на обете страни, па и во меѓународната заедница.

Прочитајте и...  Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Сепак, тоа „поместување кон решението“ во овој спор, како и сите на Балканот, не може да се случи без клучната улога на Американците. Со оглед, пак, на тамошните избори во ноември, прашање е дали оваа американска администрација сега има доволно концентрација за да протурка решение од кое никој нема да биде задоволен. Можеби на сите им одговара да причекаат и да видат кој ќе биде новиот американски претседател, бидејќи меѓу Трамп и Бајден, во принцип, има големи разлики не само за тоа каква треба да биде американската политика во светот, туку, уште поважно, како таа да се остварува: низ синергија со западните сојузници или со грубо наметнување на американските ставови на секоја меѓународна тема?

Прочитајте и...  Течат преговорите за Влада зад затворени врати

Конечно, и во овој српско-косовски контекст вреди да се забележи дека со членството во НАТО, Македонија доби уникатна историска позиција не само да не биде дел од проблемот, туку да не биде ни дел од неговото евентуално решавање на познатите балкански начини, со дестабилизација на целата околна периферија на проблемот.

Тоа сосема ја менува пресметката на нашите и регионалните ризици во решавањето на српско-косовската иднина. Му се допаднало тоа некому или не. Всушност, не се работи за разлика во вкусовите, туку за битно различно разбирање на македонската регионална позиција, со далекусежни последици во сите сфери на нашето постоење.

Прочитај повеќе

Во складиштето во Бејрут имало и огномет: Се смета дека тоа било клучен фактор за експлозијата

Слободен печат

Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна

Слободен печат

(Мулти)генерациска катастрофа

Златко Теодосиевски

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Мирослава Бурнс

Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Џабир Дерала

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Љубиша Николовски

Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО)

ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Михаило Донев

Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно

Соња Кириџиевска

Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите

Течат преговорите за Влада зад затворени врати

Весна Тодоровска