Српскиот епидемиолог Предраг Кон се повлекува: Војни нема да водам против никого, освен против вирусот

-Го губам трпението, рече Кон по повод објавата на Фејсбук во која напиша дека е време да се повлече, пренесоа српските медиуми.

Кон на Фејсбук напиша делка е време да се повлече и на други да им препушти да ја видат борбата со епидемијата, а на тој потег, како што кажа, го навеле нападите врз него и Кризниот штаб, особено по продорот на вирусот во Геронтолошкиот центар во Ниш.

-Војните нема да ги водам против никого, освен против вирусот. Постојано следам се што луѓето мислат и како сиот тој гнев место врз ситуацијата и самиот вирус е свртен кон мене и стручната екипа. Затоа е време да се тргнам, напиша Кон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот