Српската полиција истражува видео снимки за полициско насилство врз мигранти

Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија работи на утврдување на сите факти во врска со видео снимките објавени во медиумите, а се однесуваат на постапките на полициските службеници со мингрантите.

Две видеа, кои се проширија на социјалните мрежи, покажуваат насилството на полицијата во Србија врз бегалците и мигрантите во два града на северот и западот на Србија, соопштува Радио Слободна Европа.

Организацијата „Medical Volunteers International Serbia“ на својот Инстаграм профил објави видео од српската полиција како тепа имигранти во 6 часот утринава во Сомбор, Србија.

„На второто видеото се гледаат мигранти како бегаат од српската полиција. Официјален транзитен центар финансиран од владата кој треба да биде безбедно место за луѓето во движење, велат од организацијата.

Снимка од насилното иселување што се случи во транзитниот центар Сомбор  треба да биде безбедно место за луѓето во движење.

Оваа снимка покажува поинаку. Ова е јасен доказ дека српската полиција незаконски тепала поединци. Момчето од ова видео е малолетно.

За жал, ова станува систематски по природа. Српската влада не само што ги запоставува луѓето во движење, туку и целосно ги крши нивните права.

Комесаријатот за бегалци и миграција на Србија во својот одговор до РСЕ најави дека ќе ги „провери наводите“ за полициско насилство со надлежните институции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот