Српската изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати

Србија, избори Фото: МИА

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вечерва го усвои севкупниот извештај за конечните резултати од изборите одржани на 17 декември, според кој во Собранието на Србија влегуваат 10 листи, од кои листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати – 129, односно 1.783.701 глас или 46,75 отсто.

Листата „Србија против насилството“ ќе има 65 пратенички мандати, со 902.450 или 23,66 отсто од гласовите.

Следува листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, која ја поддржале 249.916 гласачи, односно 6,55 отсто, а во парламентот ќе ја претставуваат 18 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот