Среќниот татко се пофали на симпатичен начин: Кралицата Елизабета го доби десеттото правнуче кое доби име по една посебна личност

profimedia
Профимедиа

Голема причина за прослава во кралското семејство…

Зара Тиндал, внуката на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип и нејзиниот сопруг Мајк Тиндал станаа родители по третпат.

Парот го доби синчето на кое му го дадоа името Лукас Филип Тиндал, така што, иако првото име на момчето е малку необично за британското кралско семејство, со средното име му е укажана почит на сопругот на кралицата и дедото на Зара, принцот Филип на кој неодамна му беше извршена операција.

Фото: Профимедиа

Среќната вест ја потврди портпаролот на семејството Тиндал, а за тоа и самиот Мајк Тиндал се осврна во спортскиот подкаст во кој говореше.

Тиндал, имено, зборуваше за рагби натпреварот кој го гледал тој викенд, а потоа додаде:

„А тогаш неделата стана уште поубава бидејќи нашето мало момче пристигна дома“, изјави тој со воодушевување пред своите соговорници.


Тие веќе се родители на две девојчиња, Зара во 2014 година ја роди ќерката Миа Грејс, а четири години подоцна Лена Елизабет.

Зара Тиндал е ќерка на принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора. Таа нема службена титула иако е припадничка на кралското семејство, а позната е и како врвна јавачка.

Фото: Профимедиа

Таа, со тимот на Велика Британија освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а сопругот го запозна уште во 2003 година кога тој, тогаш како активен англиски рагбист, учествуваше на Светското првенство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот