Фото: ЕПА

Средношколец од Прилеп лажно се преставувал како професор и четири години имал пристап до е-дневникот и податоците на сите професори во државата

Средношколец лажно се преставувал како професор, за да добие корисничко име и лозинка, а потоа четири години имал пристап до сите податоци од електронскиот дневник. Прилепската полиција поднесе известување против ученикот во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“.

„Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука (МОН). Иако таа му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи, сепак му креирала официјална електронска адреса од Министерството. Дополнително, му ги доделила лозинките за е-дневникот како на администратор од нејзината корисничка сметка и му наложила да ги координира сите наставници. На тој начин, пријавениот имал пристап до податоците на сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник“ се вели во соопштението од полицијата.

Ова траело од 2022 година до ноември 2025 година. Откако поранешната в.д. директорка го информирала дека професорка пријавила оти некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите лажни профили од социјалните мрежи. Подоцна бил избришан и неговиот службен профил од меилот на Министерството за образование и наука.

20-годишна Турчинка е пронајдена мртва во стан во Штип

Дете претепано од соученици во училишен двор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот