Средношколците од „Кочо Рацин“ садеа дрвја и садници во училишниот двор

Фото: Град Скопје

Во средното училиште „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина. Во дворот се засадуваат дрвја и садници, нова тревна површина, а ќе се поставува и нова урбана опрема. Сето ова, како што велат од Град Скопјеа ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, каде ќе има можност и за организирање предавања и едукативни работилници.

Со над педесет ученици од скопските средни училишта „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“ организиравме голема еко акција во средното училиште „Кочо Рацин“ во која засадивме дрвја и садници како продолжение на серијата  активности кои Градот Скопје ги реализира заедно со скопските средношколци за подигање на свесноста и зголемување на зелените површини, зелените коридори и парковите во Скопје – информира градоначалничката Данела Арсовска.

Во рамки на настанот се одржаа интерактивни работилници и предавања, со претставници на еко здруженија од областа на животната средина со цел подигнување на свесноста кај младите за чекорите кои секој поединец може да ги превземе да влијае на заштитата на животната средина и природата.

Акцијата се спроведува во рамки на проектот кој се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

Изминатиов период заедно со скопските средношколци беа реализирани акции за садење на Водно, парк шумата Гази Баба, а продолжува со реализација и голем проект за уредување на дворните површини на сите 23 градски средни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот