Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Матичниот лекар, Ненад Лазаров со статус на Фејсбук обелодени дека медицински сестри дале отказ од своите работни позиции во многу тешко време.

-Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт.
Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…- напиша д-р Лазаров.

Во неговата објава стојат во прилог и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

Фото: Фејсбук

Покрај главната медицинска сестра на Инфектологија која си дала отказ, исто така и вработена медицинска сестра во одделот за ургентна инфектологија си даде отказ, наведувајќи дека и следува годишен одмор.

Фото: Фејсбук

Третата медицинска сестра која се збогува од својата професија е вработена како одделенска медицинска сестра на одделот за неуроинфекции, која Управата ја извести за своето заминување, како и за фактот дека и следуваат уште седум дена одмор.

Фото: Фејсбук

Главната сестра на Инфективна клиника, и упте 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги…

Publiée par Nenad Lazarov sur Mardi 29 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот