Шаќири-Агим Рушити: Потикнување реализација на квалитетни студиски програми и промоција на мастер и докторските студиски истражувања
Како да се зголеми бројот на факултети со меѓународна акредитација, да се поттикне реализација на квалитетни студиски програми и да се промовираат мастер и докторските студиски истражувања како меѓународно привлечни програми – беа темите за кои денеска разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование, Агим Рушити.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што информира Министерството за образование и наука, соговорниците на средбата изразија идентичен став дека заложбите на двете институции за унапредување на високообразовниот систем ќе се интензивираат во следниот период.
-Затоа што тој мора да напредува, а за тоа е потребен и ангажман на раководствата и вработените во самите универзитети и факултети. Тие мора да работат повеќе на подигнување на конкурентноста и со тоа да напредуваат на светските ранг листи, што ќе значи и привлекување поголем број не само домашни, туку и странски студенти, информира МОН:
Министерот Шаќири рече дека Агенцијата, која е релативно нова установа, ја има поддршката од МОН во работењето и дека очекува од раководството да ги постигне целите согласно програмата за работа.
Извор: МИА


