Сребро за Катерина Ацевска на Европскиот куп во џиу џицу во Белгија

фото: Клуб за боречки вештини „Дан-Кју“

Нов голем резултат оствари Катерина Ацевска на меѓународната сцена освојувајќи го сребрениот медал на Европскиот куп во џиу џицу во Белгија.

Македонската натпреварувачка во дисциплината фајтинг над 70 килограми заврши како второпласирана во сениорска конкуренција.

Во борбата за златниот медал Ацевска загуби со фул ипон од Швеѓанката Ема Лете.

Претходно на патот до борбата Ацевска триумфираше против Фредерика Маза (Италија), Антигоини Алифери (Грција) и Бијанка Фајхтлбауер (Австрија).

На Европскиот куп во Белгија настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот