Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Според „Форбс“, Урсула фон дер Лајен е најмоќната жена во 2025 година

Листата на 100 најмоќни жени во 2025 година од американското списание „Форбс“ ја рангира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прво место.

Во објаснувањето на уредничкиот одбор се наведува дека таа е првата жена на таа позиција, која е одговорна за законодавството кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на третото место е јапонската премиерка Санае Такаичи, која е исто така и првата жена на таа позиција.

На четвртото место е италијанскиот премиер Џорџи Мелони, на петтото место е мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, а во првите 10 се извршната директорка на „Џенерал моторс“, Марија Бара, и извршната директорка на „Сити“, Џејн Фрејзер.

Списанието, исто така, ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на „Мајкрософт“, Ејми Худ, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на „Спејс Екс“, Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт и индиската министерка за финансии и корпоративни работи, Нирмала Ситараман, во својата листа на 100 најмоќни жени.

На листата се наоѓаат и медиумската личност Опра Винфри, копретседателката на Волт Дизни, Дана Волден, британската министерка за финансии Рејчел Ривс, кинеската извршна директорка на JD.com, Сенди Ран Су, претседателката на Њујоршката берза, Лин Мартин, извршната директорка на Водафон, Маргарита Дела Вале, и главниот директор за содржини на Нетфликс, Бела Бачарија.

Меѓу 100-те најмоќни жени се најдоа и извршната директорка на Фокс њуз, Сузан Скот, финансиската директорка на Дојче Фокс група, Мелани Крајс, јавната личност и претприемачка Ким Кардашијан, премиерката на Конго, Џудит Суминва Тулука, Мете Фредериксен од Данска и Миа Мотли од Барбадос.

Последното место на листата го зазедоа хероините од анимираната серија, копродуцирана од Нетфликс и Сони Рекордс, „Кпоп демон хантерс“ за женскиот бенд.

Листата, која се објавува по 22-ри пат, е креирана врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. Вклучува жени од областа на политиката, финансиите, медиумите, забавата и претприемништвото, а вклучува и 17 жени кои претходно не биле на листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот