Фото: EPA/ALBERT PENA

Спектакуларно прво полувреме помеѓу Хрватска и Англија: Два гола на Кејн, „коцкестите“ двапати израмнуваа

Одличен натпревар гледаме на теренот во Арлингтон, Далас, по првото полувреме резултат е 2:2 во битката меѓу фудбалските репрезентации на Англија и Хрватска на Светското првенство.

Во 12 минута беше досуден пенал за Англичаните, Кејн не успеа во првиот обид, но од поправен ја испрати топката во хрватската мрежа.

Во 36 минута „коцкестите“ успеаја да израмнат со прекрасниот погодок на Батурина по асистенцијата на Сучиќ.

Кејн по вторпат се запиша во листата на стрелците во 42 минута кога највисоко скокна по изведениот корнер на Рајс.

И непосредно пред паузата избраниците на селекторот Златко Далиќ се погрижија за нов егал на мечот преку Муса, откако правовремено асистираше Перишиќ (45+5`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот