Фото: EPA/RONALD WITTEK

Спектакл во Бундес лигата: Ајнтрахт и Дортмунд приредија гол-шоу во Франкфурт

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено 3:3 со Борусија Дортмунд во 16 коло од најдобрата германска лига.

Гостите поведоа во 10 минута, Рајерсон се проби од десната страна и ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Максимилијан Баер беше на вистинското место во вистинско време и ја затресе мрежата на Сантос. Одговорот на Ајнтрахт не се чекаше долго, бидејќи Гираси направи пенал над Кох, а Џан Јилмаз Узун беше сигурен од белата точка во 22 минута.

Клубот од Франкфурт го отвори второто полувреме малку подобро, обидувајќи се со Ебнуталиб со глава, додека ударот на Кнауф го одбрани Кобел, а „милионерите“ одговорија во 68 минута. Феликс Енмеча ја прими топката на неколку метри од шеснаесетникот и со многу среќа го донесе својот тим до ново водство, кое траеше само три минути.

Толку време му требаше на Јунес Ебнуталиб да ја прими топката од Калимуенд и рутински да ја затресе мрежата на Дортмунд за 2:2.

Тотален пресврт донесе Махмуд Дауд со брилијантен гол во првата минута од судиското продолжение кога им го донесе триумфот на „орлите“, но тоа не беше сè бидејќи Керни Чуквуемека со малку среќа во последната минута од судиското продолжение ги постави конечните 3:3.

Ајнтрахт Франкфурт е на седмото место на табелата во Бундес лигата со 26 бода, додека Борусија Дортмунд го задржа второто место со 33 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот