Спасувачите во Индија извлекоа четиригодишно момче од урнатини на зграда, следеше аплауз (ВИДЕО)

Спасувачите во Индија спасија четиригодишно момче од урнатините на зградата која се сруши вчера, кога загинаа 13 лица, а се бараат уште 60 други.

По извлекувањето на детето следеше аплауз од сите лица кои присуствуваа на акцијата за спасување.

Сахидананд Гавде, портпаролот на Националните сили за управување со катастрофи изјави дека тринаесет тела биле пронајдени во урнатините на зградата со 47 станови.

Полицискиот началник во Махад за АФП изјави дека уште десетици луѓе се под рушевините, но никој не знае колку точно има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот