Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар од 72 часа за сите граѓани кои влегуваат во земјава од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора и врз основа на тоа ќе донесе одлука.

-Денеска има таков предлог од Комсијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука, изјави премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово во одговор на новинарско прашање.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе биде доставена до Владата за понатамошно постапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот