Спасовски вели дека случајот со синот на неговиот заменик и „флешерите“ не се базира на факти, туку на шпекулации

„Точно е дека во полицијата имаме јавување од страна на граѓанин дека одредено возило се движи со поголема брзина. Тој материјал е евидентиран, тој разговор е снимен. Воопшто не станува збор дека тоа е службено возило на СОЗР, ниту на кој било државен орган“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју” на Канал 5, прашан за случајот во кој се тврди дека синот на неговиот заменик, Назим Буши, не само што направил сериозни сообраќајни прекршоци, туку потоа бил пуштен и од сообраќајната патрола.

Според Спасовски, информацијата за случајот со синот на заменик-министерот за внатрешни работи Буши се креирал не врз основа на факти, туку на одредени извори во МВР и шпекулации. Тој тврди дека возилото воопшто не е стопирано од полиција и дека не е точно оти не застанало на полициска патрола и потоа се продолжило со трагање по него.

– Возилото се води на правен субјект, не е на физичко лица. Во тој момент, возилото не било управувано од синот на заменик-министерот. Овие работи ги тврди Внатрешна контрола, иако ние покренавме постапка во Внатрешна контрола за да видиме дали можеби тоа возило било службено бидејќи такви беа првичните најави. Се утврди дека возилото е „Мерцедес”, не е „Ауди”. Дадени се насоки од Внатрешна контрола и продолжуваат со повикување на сопственикот на возилото. Таа вечер ниту е сопрено возилото, ниту имало сопирање од страна на полициски службеници. Ние ги проверуваме сите факти и аргументи, изјави меѓу другото министерот Спасовски.

Во однос на случајот со кражбата на масло од канабис и како може да не се знае кој ја извршил кражбата, Спасовски појасни дека се работи за два одделни случаи. Постапката за првиот со кражбата на марихуана била целосно завршена, а за вториот случај за кражбата на маслото, информира дека истрагата се уште ја водат во Обвинителство и не може да сподели повеќе информации. Се анализираат, истакна тој, сите податоци и информации што ги има МВР.

Бркотница во Скопје која ќе се истражува: Син на функционер на МВР го бркала полиција поради „флешери“, еве што открила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот