Бркотница во Скопје која ќе се истражува: Син на функционер на МВР го бркала полиција поради „флешери“, еве што открила
Вистинска драма во петокот направил син на функционер на МВР кој нелегално користел флешери па и бегал на полициска патрола која се обидела да го стопира возилото. Откако успеале да го запрат, по легитимирањето, полициските службеници го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи и покрај тоа што се работело за приватно возило, објави Телма наведувајќи дека МВР го истражува овој случај.
Според Телма, станува збор за К.Б., синот на заменик министерот во МВР од редовите на ДУИ , чие темно ауди со флешери било забележан од полициска патрола во Чаир како се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане.
Според телевизијата за истото возило неколкупади до сега имало и казни за сообраќајни прекршоци, а еднаш дури било спуштено од пајак возило кога било непрописно паркирано.
И овие наводи ги истражува МВР од каде велат дека доколку биде утврдено полициско постапување спротивно на законот полициските служеници ќе бидат санкционирани.