Спасовски од Куманово: „Можеме” е сигурна грижа за сите, за да продолжиме по правиот пат

Куманово, нагласи Спасовски, доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме.

Носителот од СДСМ во ИЕ2 Оливер Спасовски, денеска во Куманово порача дека „Можеме” е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат.

Куманово, нагласи Спасовски, доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме.

– Се грижиме за сите и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот. Можеме, почитувани граѓани е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска дека продолжуваме по правиот пат, изјави Спасовски.

Нудиме, порача тој, нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.

– Се обврзуваме. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти. Ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години. Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија – да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари, изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот