Спасов: Земјите од „Отворен Балкан“ не мора во сè да се согласуваат, но можат да соработуваат

Во јавноста има дилеми дали иницијативата „Отворен Балкан“ може да го продолжи својот пат по нејасната позиција на Србија во однос на војната во Украина. 75 отсто од граѓаните на САД, според последната анкета на ИРИ, ја прифаќаат и поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“. Според кариерните дипломати, иницијативата нема да згасне, туку таа дури може да добие нови импулси доколу се покаже заемната солидарност на регионално ниво.

– Иницијативата „Отворен Балкан“ само пред 5 дена на состанок во САД доби подршка од американската администрација. На неа треба да се гледа и како на проект за пацификација на Балканот и негово подобро подготвување за членство во ЕУ. Земјите од Отворен Балкан не мора во сè да се согласуваат, но можат врз основа на јасни европски вредности да соработуваат и меѓусебно да се почитуваат. Токму во време на војни и меѓународни конфликти треба да се одржуваат уште поцврсто соработките кои ќе бидат значајни за перспективата на земјите по завршувањето на конфликтите, вели Ѓорги Спасов – поранешен амбасадор на С.Македонија во Бугарија и Молдавија и поранешен министер за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот