Спасен маж на Алјаска: Му изгорела колибата, па три недели живеел во импровизиран шатор на минусни температури (ВИДЕО)

Властите го лоцирале Стил откако загрижени членови на неговото семејство побарале да се провери неговата локација.

Надлежните успеаја да го спасат 30-годишниот Американец Тајсон Стил, откако тој поминал повеќе од три недели во скромно засолниште и со ограничени количества на храна во дивините на сојузната американска држава Алјаска, пишува Би-Би-Си.

Стил три недели јадел конзервирана храна и престојувал во импровизинар шатор, откако пожар ја уништил неговата колиба.

Властите го лоцирале Стил откако загрижени членови на неговото семејство побарале да се провери неговата локација.

Стил од остатоците од неговата куќичка во дивината ги испишал буквите „СОС“, а видеото објавено од надлежните го покажува моментот на неговото спасување.

Стил за полицијата кажал дека не е точно сигурен што го предизвикало пожарот во неговата колиба, кадешто живеел сам уште од септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот