Совршено сочуван ембрион на диносаурус пронајден во Кина

Ембрион на диносаурус пронајден во Кина/ Фото Twitter

Научниците објавија дека откриле совршено зачуван ембрион на диносаурус кој се подготвувал да се изведе од јајцето, исто како пилешко, пишува Би-Би-Си.

Ембрионот е откриен во Ганжу во јужна Кина и истражувачите проценуваат дека е стар најмалку 66 милиони години.

Се верува дека е Теропод диносаурус без заби или Овирапторосаур и го добил името „Бебе Јинглијанг“.

Истражувачот д-р Фион Вајсум Ма рече дека тоа е „најдобриот ембрион на диносаурус кој некогаш бил пронајден во историјата“.

Откритието исто така им даде на истражувачите поголемо разбирање за врската помеѓу диносаурусите и модерните птици. Фосилот покажува дека ембрионот бил во завиткана положба позната како „tucking“, што е однесување забележано кај птиците непосредно пред да се изведат.

„Ова покажува дека таквото однесување кај современите птици најпрво еволуирало и потекнувало од нивните предци на диносаурусите“, изјави д-р Ма.

Овирапторосаурусите, што значи „гуштери крадци на јајца“, биле диносауруси со пердуви кои живееле во денешна Азија и Северна Америка за време на периодот на Доцната креда – пред 100 милиони до 66 милиони години.

Бебето Јинглијанг е долго 10,6 инчи (27 сантиметри) од глава до опашка и лежи во јајце долго 6,7 инчи во Историскиот музеј на природата Јинглијанг Стоун во Кина.

Јајцето за прв пат беше откриено во 2000 година, но 10 години било ставено во складиште.

Дури кога започнаа градежните работи на музејот и беа сортирани старите фосили, истражувачите го свртеа вниманието на јајцето, за кое се сомневаа дека има ембрион внатре.

Дел од телото на диносаурусот сè уште е покриен со карпи и истражувачите ќе користат напредни техники на скенирање за да создадат слика од неговиот целосен скелет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот