Совршен протеински појадок: Печено авокадо со јајце и сланина

Хранлив, лесен за подготвување и вкусен појадок полн со протеини и омега-3 масни киселини – тоа е се што ви е потребно за почеток на работниот ден.

За да го подготвите овој здрав протеински појадок потребни ви се следниве намирници – 2 јајца, 1 авокадо, 30 грама сланина, 30 грама сирење, сок од половина лимон, сол и црн пипер. По желба може да додадете и малку сечкана сланина.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Исечете го авокадото на половина и издлабете го така да остане околу 1 см до кората. Искршете по едно јајце во секоја половина на авокадото, не грижете се ако јајцето малку се прелие, само избришете го авокадото. Останатиот дел од авокадото испасирајте го заедно си сирењето и додадете го врз јајцето. На крајот додадете ја исечканата сланина.

Ставете ги полните половинки во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за готвење. Попрскајте ги со лимонов сок, посолете и наросете црн пипер. Печете 10-на минути, односно додека јајцето се стврдне, а сирењето се растопи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот