Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за правична дистрибуција на вакцините

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција изготвена од Велика Британија, со која се повикува на фер дистрибуција на вакцините против ковид-19, соопштија дипломатски извори.

Резолуцијата, која е втора поврзана со пандемијата што Советот за безбедност ја усвојува за една година, исто така, повикува на солидарност, како и за прекин на воените акции низ целиот свет со цел поуспешна борба против вирусот и вакцинација.

Резолуцијата беше едногласно поддржана од сите 15 членки на Советот за безбедност, што не се случува често.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот