Се гради најголемиот аеродром на светот?

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Властите во Дубаи најавија изградба на нов патнички терминал на аеродромот Ал Мактум, кој се очекува да стане „најголемиот аеродром во светот“, а вредноста на изградбата е прценета на 34,8 милијарди долари.

„Ги одобривме плановите за нов патнички терминал на меѓународниот аеродром Ал Мактум и почетокот на реализацијата на проектот вреден околу 34,85 милијарди долари“, објави на социјалните мрежи лидерот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Според него, кога ќе се изгради терминалот, аеродромот ќе биде „најголем во светот“ со капацитет од 260 милиони патници годишно. Првата фаза од проектот ќе биде завршена во рок од 10 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот