Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме итна расправа во Советот на Градот Скопје за правата на пожарникарите

Пожарникари/ Фото: Архива на Слободен печат

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара на денешната седница на Советот во град Скопје да се расправа како вонредна точка за состојбата и правата на пожарникарите од противпожарната единица на градот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пожарникарите не го добиваат надоместокот за опасност при работа иако имаат право на тоа и е законска обврска на Градот.

-Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа  имаат и одлука на судот дека им припаѓа, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

ВИДЕО | Симоновски за штрајкот: Треба да изнајдеме добро решение и за пожарникарите и за градот

За жал, валат во соопштението, СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата.

Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје, велат оттаму, кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност. За него темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија.

Пред малку градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов имаше средба со пожарникарите на Град Скопје, каде рече дека немаат законски основ за покачување на платите.

ВИДЕО | Симоновски за штрајкот: Треба да изнајдеме добро решение и за пожарникарите и за градот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот