Советите на Далај Лама за едноставен, исполнет и среќен живот: Секој нов ден носи нешто важно

epa-efe
Фото: EPA

Големиот Далај Лама е познат по неговите мудри совети и препораки кои со години се пренесуваат од генерација на генерација. Како да се живее едноставен, исполнет и среќен живот е вечно прашање за кое многумина не наоѓаат одговор.

„Не славам родендени. Ми се чини дека ова е губење време. За мене, тој ден не се разликува од останатите. На некој начин, секој ден е роденден. Кога ќе се разбудите наутро, сè е свежо и ново, а главната работа е што овој нов ден носи нешто важно“, рекол тој.

До денес, луѓето за секој празник имаат по една мисија, а една од најважните е секако, да ги импресионираат другите. На пример, младите мајки се натпреваруваат која најдобро да ги прослави родендените на нивните деца. И секоја се обидува да ја надмине другата. Аниматори, ресторани, скапи подароци. На детето не му треба ниту го разбира сето тоа, но родителите се задоволни. Постојат луѓе кои секој ден јадат тестенини и инстант храна, додека за празниците уживаат во вкусни и квалитетни јадења.

За мудрите и навистина среќни луѓе – секој ден е празник. И тој ден не се карактеризира со вкусна храна, гласна музика и ослободување од омразената работа. Секој час е радост.

Моментот тука и сега е најскапоценото и највредното нешто што го имате – тој е во нашето срце, во нашата душа, во нашиот ум.

Затоа, не чекајте „специјални“ денови, туку обидете се да го најдете најдоброто во секој момент од вашиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот