ВИДЕО | Совети: Со овие трикови пиперките остануваат свежи и до еден месец

пиперки
Црвени пиперки - ајварки/Фото: Unsplash

Пиперките можат да траат и до 4 недели, ако знаете како треба да ги чувате.

Ако не ги складирате правилно, пиперките брзо ќе се збрчкаат и нема да бидат премногу вкусни.

Секогаш внимавајте да купувате свежи пиперки. Посвежи се пиперките на дното на гајбата, имајте го тоа на ум!

Друга работа кога купувате пиперки во пластично ќесе е што мора да ги извадите од ќесето кога ќе се вратите дома. Никогаш не ги мијте пред да ги ставите во фрижидер, бидејќи влагата од надворешната страна на пиперките предизвикува побрзо расипување.

Пиперките треба да се чуваат на суво место во фрижидер како што е фиоката за зеленчук. Најдобро е да ги чувате во пластичен сад со капак.

Кога ќе ги замрзнете, не ги замрзнувајте цели, туку сечкани.

Во видеото под текстот многу добро е објаснето како најдобро да се чуваат пиперките за да траат подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот