Совети од Клиника „Жан Митрев“: Здрави навики пред изложување на сонце

Фото: Промо

Редовно прегледувајте ја кожата за нови или постоечки бенки кои ја промениле својата форма, големина или боја. Доколку забележите нешто необично, задолжително посетете лекар дерматолог.

Изложувањето на сонце може да има и позитивни и негативни ефекти врз човечкото тело. УВБ зраците се неопходни за кожата да произведе витамин Д, кој е потребен за здравјето на коските. Исто така, има позитивен ефект врз подобрувањето на расположението, бидејќи сончевата светлина го стимулира ослободувањето на серотонин, познат како „хормон на среќата“ кој го зголемува општото чувство на благосостојба. Од друга страна, прекумерната или незаштитената изложеност на сончево зрачење може да има негативни последици за кожата и здравјето воопшто. Негативните ефекти од прекумерното изложување на сонце вклучуваат: изгореници, предвремено стареење на кожата, брчки, старечки дамки, промени во текстурата на кожата и зголемен ризик од развој на меланома – рак на кожата.

За да се одржи здрава изложеност на сонце, важно е да се практикуваат одредени мерки на претпазливост. Еве неколку препораки:

• Ограничете ја изложеноста на сонце: Избегнувајте да се изложувате на сонце за време на пикот на ултравиолетово зрачење, односно помеѓу 11:00 – 16:00 часот. Обидете се да најдете сенка или останете во затворен простор во овој период.

• Користете крема за сончање: Лесно нанесувајте крема за сончање со широк спектар со заштитен фактор (SPF) од најмалку 30 на сите изложени регии на кожата. Погрижете се да ги покриете лицето, деколтето, рацете и нозете. Нанесувајте нов слој редовно на секои два часа, по пливање или при прекумерно потење. Кремите за сонце можат да содржат различен тип на филтри за фотозаштита, затоа консултирајте се со дерматолог која крема е соодветна за вашиот тип на кожа

• Заштитете ги очите: Носете очила за сонце со 100% заштита од УВА и УВБ зраците. Исто така, практикувајте носење капи со широк обод за да ги заштитите лицето и главата од сонцето.

• Носете заштитна облека: Носете облека со долги ракави, долги панталони и ткаенини изработени од природни влакна кои ѝ даваат на кожата да диши, а при тоа овозможуваат поголема заштита од сончевите зраци. Можете исто така да барате облека со интегрирана заштита од сонце (UPF) за дополнителна заштита.

• Барајте сенка: Секогаш кога е можно, барајте сенка за да го намалите директното изложување на сонце. Користете чадори, тенди или други средства за заштита од сонце.

• Хидрирајте се адекватно: Останете хидрирани со пиење доволно вода, особено кога сте изложени на сонце подолго време. Изложеноста на топлина и сонце може да го зголеми губењето на течности од телото, па затоа е важно да ги дополнувате.

• Немојте да користите солариуми: Вештачки креираните зраци го зголемуваат неколку кратно ризикот од рак на кожата.

• Вршете самопреглед на кожата: Редовно прегледувајте ја кожата за нови или постоечки бенки кои ја промениле својата форма, големина или боја. Доколку забележите нешто необично, задолжително посетете лекар дерматолог.

Ова се само дел од општите совети, при што важно е да земете предвид дека секој човек може е различен од аспект на пигментот на бојата на кожата, навиките, однесувањето и различните потреби. Секогаш е препорачливо да се консултирате со лекар дерматолог за персонализирани препораки врз основа на вашиот тип на кожа и индивидуални околности.

Запомнете дека заштитата од сонце е важна дури и во облачни денови, бидејќи УВ зраците поминуваат низ облаците и може да ја оштетат кожата. Затоа неопходно е да внимавате при изложување на сонце, како за одржување на здрава кожа, така и за спречување на долгорочни здравствени проблеми.

Стручниот тим од Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот