Состојба во ковид-центрите низ Македонија: Хоспитализирани 889 пациенти, слободни кревети околу 500

EPA-EFE
Медицински лица во Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 позитивни и суспектни пациенти на коронaвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип се сместени 55 пациенти.
– На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има 60 пациенти, во Прилеп – 69, во Гостивар – 27, а во Струга – 30 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 49 пациенти, во Кочани – 18, во Кичево – 10, во Кавадарци – 27, во Гевгелија – 11, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на корона вирусот, истакнуваат од МЗ.
Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот