Сопругата на Ентони Хопкинс мисли дека тој има аутизам: За него тоа се глупости
Актерот Ентони Хопкинс откри дека неговата сопруга, Стела Аројаве, мисли дека тој има аутизам. Во разговор за „Сандеј тајмс“, тој објасни дека таа е речиси сигурна во тоа бидејќи „тој е опседнат со детали и бројки“ пренесува „Пипл“.
Препорачано
Од друга страна, Ентони тврди дека тоа е „глупост“.
– Опседнат сум со броеви. Опседнат сум со детали. Сакам сè да биде подредено. И да учам напамет. Стела пребаруваше за тоа и рече: „Мора да имаш Аспергеров синдром.“ Немав поим за што зборува. Јас не верувам во такви работи – изјавил Хопкинс за британскиот медиум.
Аспергеров синдром, според WebMs, е термин кој повеќе не се користи за опишување на развојни нарушувања кои спаѓаат во аутистичниот спектар на нарушувања (ASD). Луѓето со оваа форма на ASD обично имаат тешкотии со социјалните односи, имаат тенденција да следат строги рутини и имаат тесен опсег на интереси.
Во секој случај, Ентони „не ја спушта топката“.
– Па, претпоставувам дека сум циничен, бидејќи сето тоа е глупост (што се однесува до мене). Сето тоа е глупост. АДХД, Опсесивно-компулсивно растројство (OCD), Аспергеров синдром, бла, бла, бла… Боже, тоа се вика живот. Тоа е само да се биде човечко суштество, полно со заплеткани мрежи и мистерии и сè што е во нас. Полн со недостатоци, нечистотија и лудило. Тоа е човечка природа. Сите тие имиња… Мислам, кого го интересира? Но, сега стана модерно. Ајде, поштедете ме“, заклучи тој, превртувајќи ги очите.


