Сообраќаен колапс: Попладнево граѓаните останаа „заглавени“ на скопските булевари

Сообраќаен хаос во Скопје
Фото: Твитер, @mkrobot

Сообраќајот во Скопје попладнево речиси три часа беше блокиран со колони возила кои стоеја во место речиси еден час.

Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека на повеќето сообраќајници низ градот попладнево е забележан поголем метеж на возила.

На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка” попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР. Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски”, но засега не се знае тежината на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот