ОЈО,зграда на основно јавно обвинителство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Сомнежи за злоупотреби во прилепската болница, се вршат претреси на осум локации

На осум локации во Прилеп, Управата за финансиска полиција денеска врши претреси, поради сомнежи поврзани со финансиското работење на прилепската болница.

– Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата – соопшти ОЈО Прилеп.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

По претресите, ОЈО Прилеп најави дека предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот