Софија Вергара покажа како танцува една Колумбијка: Видеото брои повеќе од четири милиони прегледи
Омиленото лице на американскиот ситком „Modern Family“ – Софија Вергара уште еднаш покажа дека е горда на своите корени.
View this post on Instagram
Софија е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде секојдневно објавува фотографии од приватниот живот. Актерката неодамна објави видео во кое покажа дека одлично танцува благодарение на нејзините корени. Во Колумбија преку танцот се оддржува менталното и физичкото здравје.
View this post on Instagram
Ниту нејзините многубројни обожаватели не останаа рамнодушни на нејзините танцови потези, кои ги откри преку краткото видео кое за само 24 часа го погледнаа повеќе од четити милиони прегледи
View this post on Instagram
„Каква колумбиска моќ и кардио тренинг“, „Софија прекрасна си“, „Какви движења“ беа само дел од коментарите на фановите на актерката.