Софија и Лука најпопуларни имиња за новороденчињата кај нас

Фото: Профимедиа

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците.

Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.

Меѓу популарните имиња кај женските бебиња: Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера…., а кај машките: Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј…;

Според Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки.

Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 717.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот