EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Софи Тарнер по гласините дека е во врска со Крис Мартин: „Со месеци не сум била на состанок“

Актерката Софи Тарнер во ново интервју отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочува кога станува збор за љубовта, како и за балансот меѓу професионалните обврски и приватниот живот.

Во разговор за магазинот „Портер“, во рамки на платформата Net-a-Porter, 29-годишната актерка призна дека често занемарува одредени сегменти од својот живот. Како што вели, во последниот период речиси и да нема време за дружење или излегувања.

„Понекогаш целосно запоставувам делови од својот живот. Со недели не сум ги видела пријателите, а со месеци не сум излегла на состанок“, искрено изјави Тарнер.

Нејзините зборови доаѓаат откако во октомври се најде во центарот на медиумското внимание поради наводна „тајна вечера“ со фронтменот на бендот „Колдплеј“, Крис Мартин. Сепак, актерката нагласува дека нејзиниот фокус во моментов е исклучиво насочен кон работата и семејството, особено кон нејзините ќерки Вила (5) и Делфин (3), кои ги има со поранешниот сопруг Џо Џонас.

„Во моментов имам капацитет само за работата и за семејството, но работам на тоа. Ќе дојде време и за останатото“, додаде таа.

Тарнер се осврна и на влегувањето во триесеттите години, изразувајќи надеж дека ја очекува помирен период по, како што ги опиша, прилично турбулентните дваесетти.

„Долго време сè беше многу хаотично и подготвена сум работите малку да се смират“, истакна актерката.

За потсетување, Софи Тарнер и Џо Џонас ја започнаа својата врска во 2016 година, се венчаа во 2019, а бракот го завршија во 2023 година, по што следеше јавна и бурна битка за старателството над децата. Разводот беше официјално финализиран во септември 2024 година.

По разводот, Тарнер кратко време беше во врска со британскиот аристократ Перегрин „Пери“ Пирсон, додека медиумите последно ја поврзуваа со Крис Мартин. Иако, според американските медиуми, имале неколку средби, ниту еден од нив јавно не ја потврди врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот