Собранието ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за загадениот воздух

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Координаторот на СДСМ, Јован Митревски побара итна седница за загадениот воздух. Ваквото барање на Митревски од собраниската говорница дојде откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека се плаши да дебатира за загадениот воздух.

– Во однос на мешањето на политиката со неисполнувањето на деловничките услови. Прво сите пратеници од нашата пратеничка група сакаат да разговараат за загадениот воздух во Собранието, за да кажат што се случуваше во минатото, а што се случува сега. Информацијата на ВМРО-ДПМНЕ не е доставена до пратеничките групи, рече Митрески.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека тие информацијата за загадениот воздух  до собраниските служби ја доставиле во петокот. Мицевски посочи дека до денеска собраниските служби требало да ја достават до сите пратеници.

– До тука ви се интересите, инсистирам да се стави иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ како точка на денешниот дневен ред. Срамота е за парламентарното мнозинство да не разговара за воздухот. Денеска имавме среќа заврна дожд, од утре што ќе правите“, рече Мицевски.

Спикерот Талат Џафери рече дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ не исполнила два услови од собранискиот Деловник. Првиот дека не поминала на координација бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира и второ дека седницата веќе била закажана.

Со 27 гласови за и со 42 против, Собранието ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за загадениот воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот