Собир на У21 репрезентацијата пред квалификациските мечеви со Ерменија и Украина

Младите надежи се подготвуваат за мечевите со Ерменија и Украина/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.

Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.

На 2 јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група „Х“, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Нашите надежи одамна ги загубија шансите за пласман на Европското првенство, моментно се на петтата претпоследна позиција со 6 бодови, три повеќе од Ерменија, а пред нас се Франција (19), Украина (13), Србија (11) и Фарски острови (9).

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12 јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот