Со воени почести оддадена почит на загинатите припадници на поранешната ЈНА

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана на премиерот Заев , денеска положи венец на споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“.

Претставниците на Владата оддадоа почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година.

По повод поменот на припадниците на поранешната ЈНА, кои загинаа во војните при распадот на СФР Југославија, а потекнуваа од нашата држава, Армијата на РСМ организираше церемонија за полагање венци цвеќе со воени почести.

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“ во соработка со Националниот координатор за воени и полициски ветерани Ангелов, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените  инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како и делегации предводени од началникот на Генералштабот на АРСМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и од градоначалниците на Општина Центар и на Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот