Со повод со Масин: Што сè ова има врска со изложбата? Има, со душата на сликите (ВИДЕО)

Изложбата е поводот за тоа што му се тупосавме дома. А, кога кај него дома ќе дојдеш, не ти се оди веќе дома. Ма, забораваш и дека по работа си дошол. Зашто во домот на Масин, најубаво се зборува, а уште поубаво се тихува во друштво. Права галама во главата од спокојство и убави мисли.

За што зборувавме? За тоа дека секое предметче во неговиот дом се буди радосно, чекајќи да биде насликано (за ова не зборувавме, туку го измислив, зошто е, навистина, така). За песот Барни, германски овчар, ама скроз црн со црвено срце. За вкусот на руската салата домашно направена. За битолските девојки. И за скопските. Малку и за скопјанишчана. За орлите и за летањето. И за мечката која сака да лета. И за лигавоста на полжавот. За лифтот и за заглавувањето во лифт, не зборувавме. Ама, да, за животишчето наспрема сите кивавици и кашлици, зборувавме.

И за ова зборувавме:

Во Битола, две чупиња – карши мене. Едната ѝ вика на другата, але овој те гледа цело време.

– Але, што зборваш, уште ме гледа? Сељак.

-Да, уште те гледа, тој е оној со бевмето што дојде.

– Але УШТЕ МЕ ГЛЕДА?

Што сè ова има врска со изложбата?! Па, не треба, де, сè да има некаква очекувана врска. Погледнете го видеото и сè ќе ви биде многу појасно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот