Со повод со Масин: Што сè ова има врска со изложбата? Има, со душата на сликите (ВИДЕО)

Изложбата е поводот за тоа што му се тупосавме дома. А, кога кај него дома ќе дојдеш, не ти се оди веќе дома. Ма, забораваш и дека по работа си дошол. Зашто во домот на Масин, најубаво се зборува, а уште поубаво се тихува во друштво. Права галама во главата од спокојство и убави мисли.

За што зборувавме? За тоа дека секое предметче во неговиот дом се буди радосно, чекајќи да биде насликано (за ова не зборувавме, туку го измислив, зошто е, навистина, така). За песот Барни, германски овчар, ама скроз црн со црвено срце. За вкусот на руската салата домашно направена. За битолските девојки. И за скопските. Малку и за скопјанишчана. За орлите и за летањето. И за мечката која сака да лета. И за лигавоста на полжавот. За лифтот и за заглавувањето во лифт, не зборувавме. Ама, да, за животишчето наспрема сите кивавици и кашлици, зборувавме.

Прочитајте и...  Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот

И за ова зборувавме:

Во Битола, две чупиња – карши мене. Едната ѝ вика на другата, але овој те гледа цело време.

– Але, што зборваш, уште ме гледа? Сељак.

-Да, уште те гледа, тој е оној со бевмето што дојде.

– Але УШТЕ МЕ ГЛЕДА?

Што сè ова има врска со изложбата?! Па, не треба, де, сè да има некаква очекувана врска. Погледнете го видеото и сè ќе ви биде многу појасно.

Прочитај повеќе

Заев: Очекувам победа и стабилна коалиција

МИА агенција

Раперот Кање Вест шокира: Јас се кандидирам за претседател на САД (ФОТО)

Слободен печат

Бајден: Америка има можност да го искорени системскиот расизам (ВИДЕО)

Слободен печат

Спасовски: Создадени се услови за напредок со цел повисоки плати и пензии

Слободен печат

Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија

Слободен печат

Филипче: Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најнеизвесните избори досега: Хрватска денеска ќе гласа за новиот парламентарен состав

Слободен печат

СЗО ги прекинува испитувањата: Хидроксихлорокин не ја намалува смртноста од коронавирусот

Слободен печат

Партиите продолжуваат да ги презентираат изборните понуди на средби со граѓани

МИА агенција

СЗО: Рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени – Нови 212.326 случаи на коронавирус

Слободен печат

Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.611, Чаир со најмногу заразени

Слободен печат

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат