Со петиција се бара еднакво водоснабдување за сите во Тетово

Жители на Тетово започнаа да собираат потписи за петиција со која сакаат да ги алармираат надлежните од локалната самоуправа за потребата од нормално водоснабдување за сите граѓани на овој град.

Петицијата  е оформена од групата именувана „Граѓани на град Тетово”, а се потпишува преку профил од социјалната мрежа Фејсбук. Можно е и анонимно потпишување.

– Водоснабдувaњето во градот Тетово е многу проблематично, некои делови од градот имаат 24 часови вода без прекин. Други делови од градот имаат со помош на хидрофор и цистерна, но после полноќ нема вода. Останатите делови од градот немаат вода воопшто и со помош на хидрофор. Водоснабдувањето е од 05:00 до 10:00 часот, а некогаш само од 05:00 до 08:00 часот. Заради ваквите несразмерности на водоснабдувањето тие делови од градот живеат во тешки услови без основни услови за хигиена. Во услови на пандемија кога некои семејства се во изолација, не можат да се напијат вода, а не пак да имаат основни услови за хигиена. Затоа се започнува ваква петиција, за да се овозможи еднакво водоснабдувањево сите делови од градот, се вели описот на петицијата од иницијаторите именувани како Граѓани на град Тетово.

Од почетокот на годината Тетово се соочува со отежнато водоснабдување поради зачестени дефекти на новиот водоснабдителен систем, кој беше изграден за да се надминат децениските проблеми со недостиг на вода за пиење. Од комуналното претријатие за отежнатото водоснабдување од минатата недела велат дека не е поради дефект, туку затоа што се уште е мала издашноста на природните извори со вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот