Со останувањето дома ќе го прославиме Велигден како најголеми верници

Денеска е Велика Сабота, а веќе утре православните христијани ќе го прослават најголемиот верски празник – Велигден.

Пораката за победата на животот над смртта овојпат ќе биде посилна од кога било, а големиот ден ќе биде одбележан сосема поинаку.

За првпат вечерва на полноќ улиците  во сите градови ќе останат празни, ќе владее една несекојдневна тишина, навистина необична за денот на означувањето на воскресението на Исус Христос.

Литургии ќе има, но во празни цркви, бидејќи ќе можат да присуствуваат само лица кои во тој момент ќе вршат службена должност.

Пандемијата со коронавирусот ни го зеде овој Велигден, а иако од МПЦ не добивме повик да останеме дома, самиот полициски час тоа ни го налага, што е и сосема разбирливо во однос на брзото ширење на немилосрдниот невидлив непријател.

Прочитајте и...  Осуден 14-годишен ученик за учество во протестите во Хонг Конг

Но, останувањето дома и за Велигден не треба да нѐ обесхрабри, напротив, токму овој Велигден треба да го почувствуваме  христијанскиот дух во најголема мерка.

Годинава ќе ги оствариме сите основни божји заповеди, така што на најголемиот празник ќе седиме дома.

Солидарноста и љубовта кон најблиските сега ќе ги покажеме на дело, а длабоко во себе повторно ќе ја почувствуваме магијата на Велигден.

Црквите годинава ќе вршат и директен пренос од литургиите, што значи дека оваа година наместо да стоиме со свеќа пред црква, тоа ќе можеме да го направиме од дома.

Поентата е дека не треба да се жалиме што не можеме да одиме во црква, бидејќи имаме привилегија што многумина сега ја немаат.

Прочитајте и...  Бојана Јовановска: Сè уште сме општество во кое ќотекот е дисциплинска алатка

Овде пред сѐ мислам на докторите и сите медицински работници. Додека ние со цело семејство го празнуваме Велигден, тие ќе мораат да се грижат за лицата кои се заразени од Ковид-19.

Сигурен сум дека би дале сѐ за да можат да празнуваат дома, но тие знаат дека човечкиот живот е на прво место, па веројатно сите наши жалби дека нема да можеме да одиме во црква на овие луѓе-херои им се вистински апсурд.

Поради сето ова, вечерва заеднички треба да упатиме  силна молитва за погодените од коронавирусот, но и да се заблагодариме затоа што сме дома, во друштво на семејството.

Традиционалното прославување на Велигден пред црква одново ќе дојде и тоа веќе следната година, бидејќи ова што се случува сега е само искушение на кое како верници никако не смееме да потклекнеме.

Прочитајте и...  Бучковски: До крајот на годинава ќе најдеме решение со Софија

Поврзани вести

Коронавирусот ја зголеми и потрошувачката на вода

Елена Вељановска

И Црна Гора ја тресе афера „Мајбах“ – набавени две луксузни возила, она за Мило платено 647.000 евра

Слободен печат

Зошто пратеникот Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита на семејната куќа?

Слободен печат

ВИДЕО: Граѓаните масовно ги враќаат членските книшки и одат на терапија – иновативен спот за изборите во Црна Гора

Слободен печат

Лесни чекори кон здрава исхрана: Повеќе простор за зеленчукот и овошјето на вашата трпеза

Слободен печат

Мицкоски: Заев е мафијаш и нема да се спаси од паѓање од власт

Весна Тодоровска

Остави Коментар