Со ореви, мед и цимет: Полнети круши

Фото: Unsplash

Крушите имаат специфичен вкус, односно доста сладок вкус пропратен со крцкавоста на јаболките и сочност која повеќе потсетува на нектарините. Добро созреаните плодови имаат помека текстура и значително поголема слаткост, што ги прави одлична база за бројни десерти.

Во комбинација со јаткасти плодови, суво овошје, мед и цимет крушите за момент ќе се претворат во вашиот омилен здрав десерт.

Состојки:

– 2 зрели круши
– 2 лажички мед
– половина лажичка цимет
– мускатно оревче за вкус
– 120 мл јогурт од бадем
– 1 пакување ванилин шеќер
– 30 грама исечкани ореви
– суво овошје (по желба)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги крушите на половина и испразнете ја средината. Обложете тава со хартија за печење и ставете ги крушите на неа, па премачкајте ги со мед и просејте им цимет одозгора, па мускатно оревче. Можете да додадете и суво овошје по желба. Печете 30 минути и извадете ги од рерната.

Додека крушите се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и орев. Кога крушите ќе се оладат, наполнете ги со смесата и сервирајте.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот