Со фотоволтаици на градинка во Илинден ќе се намалуваат трошоците за струја

Фото: Општина Илинден

Фотоволтаични и термални панели се постави на покровот на детската градинката „Гоце Делчев” во општина Илинден во рамки на проектот „Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија“.

Градоначалникот Александар Георгиевски вели дека преку овој комбиниран систем на соларни и термални панели поставени на покривот на градинката, општината се ориентира кон подобра иднина и дава добар пример на најмладите. Покрај тоа, ќе се придонесе во заштеда и намалување на трошоците за електрична енергија, преку проектот „ИНОФИН”.

Со поставување на панелите во склоп на оваа градинка, помагаме при делумно снабдување на електрична енергија потребна и при затоплување на водата. Некогаш малку, за некој значи многу. Чекор по чекор, заеднички се надеваме дека ќе успееме да ги подобриме изворите на електрична енергија и да ја заштитиме природата и идните генерации – изјави градоначалникот Георгиевски.

СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, која го имплементира проектот, со финансиска поддршка од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Climate-KIC) и во партнерство со КЛИК, Асоцијацијата Солар Македонија, Коримако, Советот за енергетика на островот Гран Канарија и Општина Илинден, успешно спроведе три работилници на кои се разменија добри практики од имплементирање на финансиски модел за колективно финансирање при транзиција кон обновливи извори на енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот