Скопјанецот А.П. (48) вчера попладне со автомобил „БМВ“ удрил во пешаците А.З. (22) и С.Т. (21), двете од Скопје. Несреќата, по која возачот го напуштил местото, се случила на булеварот „Кочо Рацин“. Од полицијата информираат дека возачот подоцна сам се пријавил во полициска станица.
Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со полесни повреди и биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.