Снегот им направи големи проблеми, фудбалерите на Реал Мадрид со часови заглавени во авион

Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Фудбалерите на „кралскиот“ клуб денеска имаа непријатно искуство со снежното невреме кое ја зафати Шпанија и ги остави неколку часа во авион на аеродромот во Мадрид. Тие останаа два часа во авионот и не можеа да полетаат поради заледената писта на аеродромот во Мадрид.

Кралскиот клуб претстојниот викенд треба да отпатува за Памплона каде го очекува натпревар против Осасуна, но невремето им ги поремети плановите.

Бидејќи снегот цел ден паѓа во Мадрид, експедицијата на Реал одлучи наместо утре, за Памплона да отпатува вечерва, но големите наноси на снег им создадоа вистинска агонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот