Смртоносна инфекција во Велика Британија: За седум дена починаа шест деца помлади од 10 години

Фото: Профимедиа

Епидемијата на стрептокока А во Велика Британија однесе уште еден детски живот, откако на 14 ноември во својот дом во Вајкомб почина четиригодишниот Мухамед Ибрахим Али.

Веста за смртта на момчето доаѓа истиот ден кога е потврдена и смртта на третото дете кое почина во западен Лондон, откако ја доби инфекцијата.

Една недела претходно, почина и седумгодишната Хана Роап од Велс и уште еден ученик во основно училиште во Сари, со растојание од помалку од една недела.

Сите четири смртни случаи се случиле во различни делови на Велика Британија и нема индикации дека на кој било начин се поврзани.

Во Англија оваа сезона, за само седум дена, евидентирани се дури шест смртни случаи на деца помлади од 10 години, откако им била дијагностицирана инвазивна стрептококна инфекција А, објави Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA).

Минатата недела во Велика Британија се пријавени 851 случај, што е значително повисоко во споредба со просекот од 186 во претходните години.

Стрептокока од групата А е бактериска инфекција која го зафаќа грлото и кожата, и иако повеќето случаи предизвикуваат само блага болест, некои може да бидат опасни по живот и да доведат до шарлах.

Доктор Јими Чоу предупреди на ширење на заразни инфекции меѓу локалните старосни групи од основните училишта.

„Соработувајќи со тимот за јавно здравство на Советот на Елинг, на  училишната заедница ѝ дадовме совети за мерки на претпазливост за да можеме да ги спречиме понатамошните случаи и да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, рекол д-р Јими Чоу, советник за здравствена заштита во Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.

„Стрептококните инфекции од групата А обично резултираат со блага болест. Тоа вклучува болки во грлото, треска и помали инфекции на кожата и може да се лекуваат со целосна терапија на антибиотици. Во ретки случаи, тоа може да биде сериозна болест и секој со висока температура, силни болки во мускулите, болка во еден дел од телото и необјаснето повраќање или дијареја треба веднаш да побара лекарска помош“, нагласил Чоу.

Иако безопасно се пренесува од голем дел од популацијата, стрептокока А може да се пренесе преку близок контакт, како што е допир или бакнеж.

И покрај тоа што се ретки, овие бактерии, кои можат да се најдат во кожата и грлото, можат да предизвикаат посериозни болести и да доведат до инвазивна стрептококна болест од групата А, нагласија експертите.

Постојат различни видови на стрептокока А, а сè уште не е познато дали само еден е одговорен за смртните случаи. Познато е дека починатите деца не живееле блиску едно до друго, па слободно може да се каже дека не се заразиле, но поверојатно е дека не примиле антибиотици навреме.

Луѓето постари од 65 години, оние со ХИВ, оние кои користат стероиди или други такви супстанции или страдаат од дијабетес, срцеви болести или рак, се изложени на најголем ризик од инфекција.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот