СМРТ на синот, чудно УБИСТВО на сопругот: Мрачното минато на партнерката на МАРТИНА НАВРАТИЛОВА

Profimedia

Овогодинешниот Вимблдон на трибините собра бројни тениски легенди, меѓу кои и 62-годишната Мартина Навратилова, пензионираната чешка тенисерка која гледачите ја дочекаа со овации.

Profimedia

Сепак, најмногу внимание привлече нејзината убава сопруга Јулија Лемигова, со која тенисерката е во брак од 2014 година. Станува збор за последната мис на СССР, втората придружничка на светскиот избор за Мис на универзумот од 1991 година и ќерка на поранешниот генерал на Црвената армија, која имала интересен, но и трагичен живот.

47-годишната Јулија денес е успешна деловна жена која зад себе има пропаднат брак со францускиот банкар Едуард Стерн, кој поради неа ја оставил тогашната сопруга. Парот набрзо го добил синот Максимилиен, но тој починал по 6 месеци под неразјаснети околности. Додека бил кај татко му, одеднаш му се слошило, а обдукцијата покажала повреди на мозкот.

Набрзо исчезнала и неговата бугарска дадилка, на која имало сомнение дека го убила момчето поради одмазда на Стерн. Имало сомнение дека можеби самиот Стерн го убил својот син, но докази немало.

Стерн бил многу љубоморен и посесивен и го следел секој чекор на Јулија, а манекенката сè потешко го поднесувала тоа. Набрзо по трагичната смрт на нивниот син нивниот брак се распаднал, а во 1995 година и Стерн бил пронајден мртов.

Profimedia

Во тој период Јулија била во Париз каде што отворила салон за убавина, а за смртта на поранешниот сопруг ја обвинувала неговата љубовница.

Стерн бил пронајден во розов комбинезон од латекс, а го убила проститутката во чии услуги често уживал. Со оглед на тоа што станувало збор за оргии на богаташи во кои учествувало моќно друштво, целиот случај бил заташкан.

Profimedia

Средбата со Мартина Навратилова за Јулија значел голем пресврт бидејќи оттогаш за неа работите тргнале на добро. По шестгодишна врска тие се венчале, а Јулија има две ќерки чиј татко не е познат на јавноста.

 

 

 

 

 

View this post on Instagram

Getting ready to jump?!

A post shared by Julia Lemigova (@julialemigova) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот