Сметките за вода ќе бидат од биоразградлива хартија
Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија ќе значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15%.
ЈП Водовод и канализација во иднина ќе користи еколошки сметки од биоразградлива хартија. Ова денеска го најави директорот на претпријатието Душко Весковски.
Препорачано
„Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво. Освен заложбите за реализација на капитални проекти, работиме и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме дека нашиот пример ќе го следат и останатите, рече Весковски, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година.

Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија ќе значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15%.
Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и online услугите достапни на web страната: www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.
Во зградата на Водовод и канализација, во соработка со Пакомак ќе биде отворен и едукативен центар, во кој граѓаните ќе можат да се едуцираат за бенефитот од рециклирањето, најави директорот на Пакомак, Филип Ивановски.
– Треба да имаме во предвид дека климатските промени делуваат на секој сегмент во животната средина. Најголемото загадување на водните ресурси доаѓа од лошото менаџирање на отпадот, нагласи Ивановски.


