Фото: МИА

Службеник за млади – повелете!

Од следната година, во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе им ги одговара на прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и се што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни. Овие работни места се предвидени со новиот Закон за млади кој вчера беше изгласан во Собранието.

– Ни недостасуваше политичко учество на младите во Македонија. Партиските подмладоци мобилизираат најголем број луѓе. Првпат се отвора дијалог меѓу младите и партиските подмладоци. Се надевам дека во новиот пратенички состав ќе има повеќе млади пратеници за да може да го продолжат имплементирањето на Законот – изјави за „Слободен печат“
Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието и една од предлагачите на Законот.

Законот е правен по литвански и словенечки терк, а причината поради која е донесен е тоа што веќе години во Македонија нема официјално младинско тело кое ќе ги застапува интересите на оваа категорија граѓани при носењето на закони и политики на државно и на локално ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот